Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа

 Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информира американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воената операција на Тел Авив во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и преземањето на блискиот граничен пункт со Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на Галант.

Во телефонскиот разговор Галант и Блинкен „го разгледаа развојот (на ситуацијата) во Газа и… прецизната операција во областа Рафа против останатите делови на „Хамас“, и како во исто време се осигурува безбедноста на преминот“, се вели во соопштението. 

Зачлени се на нашиот е-билтен