Охрид стои пред пресвртница: дали конечно ќе се стави јавниот интерес пред личните и ќе се најде модел за одржливо управување, или ќе продолжи уништувањето на она што го прави градот уникатен во светски рамки?
Текст и фотографии: Александра ТОДОВОРИЌ
Неконтролираното градење во Охрид продолжува да предизвикува сериозни еколошки, урбанистички и културни проблеми, и покрај постојаните аларми од Охрид СОС, невладини организации и активисти. Дел од старите одморалишта на најатрактивните локации пропаѓаат, а некои – како одморалиштето на „Славија“ – остануваат затворени за јавноста и покрај тоа што инфраструктурата е релативно сочувана.







Неконтролирана урбанизација и реакции
Урбанизацијата се одвива со алармантно темпо, често без транспарентни јавни процедури, преку директни одлуки на градоначалници и министри. Така, земјоделското, шумското и крајбрежното земјиште се претвора во градежна зона без јасна контрола. Еколозите и здруженијата алармираат дека на прво место се ставаат интересите на инвеститорите, а не јавниот интерес или заштитата на културното и природното наследство.




Напуштени одморалишта и вилата на Тито
Многу одморалишта покрај езерото, некогаш изградени за туризам и култура, денес пропаѓаат. Комплексот „Славија“ останува под клуч иако би можел да стане центар за културни настани или современ туризам. Слична е ситуацијата и со вилата на Јосип Броз Тито, вилата Билјана која се наоѓа на уникатна локација – недостапна дури и за приближување, а уште помалку за посета. Во некоја друга реалност, ваквиот објект би бил претворен во музеј и туристичка атракција од светски ранг.


Во постјугословенската ера, Вилата Билјана започна да ја користат политичарите на Македонија. Денес, вилата е во сопственост на владата и Претседателот на Македонија, чии државници ја користат како своја лична летна вила (додека се користи и за гости на високи и дипломатски претставници). Бидејќи вилата се користи за сместување на високи владини политичари, пристапот е строго забранет за јавноста и оваа вила е деноноќно чувана.
Таа и денес е една од најголемите атракции, но единствено може да се види со бротче од езеро, затскриена од богатата шума.






Елитен туризам или уништување на идентитетот
Охридското Езеро е единствено во Европа и природно претставува дестинација за елитен туризам, културен развој и одржливи иницијативи. Наместо тоа, тересите на кафулињата стигнуваат до самиот брег, јавниот простор е узурпиран, а градот се дави во парцијални и хаотични решенија.






Континуираното игнорирање на алармите за неконтролирана градба го зголемува ризикот од деградација на Охридското крајбрежје, урнисани одморалишта и губење културно наследство и статусот на УНЕСКО. Загубата на јавна контрола со измените во урбанистичко планирање отвора простор за нетранспарентни, дискутабилни проекти, кои го игнорираат колективниот интерес. Затворените и напуштени одморалишта, особено на Славија, треба да бидат дел од поширок план за ревитализација, отворен за локалната заедница, културни настани и одржлив развој.
Ниту Блед ниту Комо не можат да се мерат со нашето Охридско езеро, но на тие места има развиен свест за туризам – секој детал се чува и се претвора во туристичка атракција. На Комо, околните села како Белаџо, Варена, елегантното Чернобо, историското Менаџо и нестварното Тремецо се дел од целосно развиен туристички систем.









Блед е посебна приказна: на неговите брегови, средновековниот замок Блед, или „Блејски Град“, величествено се наоѓа на карпа и нуди воодушевувачки панорамски поглед. Глетката на смарагдниот остров среде езерото, со волшебната црква Успение, е сцена од бајка.



Охрид стои пред пресвртница: дали ќе се стави јавниот интерес пред приватните, ќе се најде модел за одржливо управување со крајбрежјето и културното богатство, или урбанистичките експерименти и немањето контрола ќе го уништат уникатниот идентитет на градот. Во моменти на сериозна деградација, потребно е активно учество на јавноста, ревизија на урбанистичките политики и отворање на просторот за одржливи иницијативи – наместо парцијални и затворени решенија.
Покрај тоа, Охрид е и за елитен туризам. Голем дел од приватните интереси ја уништуваат културната и историската вредност – тука се и вилата на Јосип Броз Тито, до која не смее да се приближи, а можеби во некои други реалности би била претворена во музеј. Дел од архитектурата е зачувана, но голем дел пропаѓа, терасите на кафулињата доаѓаат до самото езеро, а јавниот простор се узурпира. Ситуацијата со Охрид не е добра и бара итни мерки за заштита и одржлив развој.
Игнорирањето на алармите ја зголемува опасноста од губење на статусот на УНЕСКО, деградација на крајбрежјето и неповратно уништување на културното наследство. Охрид стои пред пресвртница: дали конечно ќе се стави јавниот интерес пред личните и ќе се најде модел за одржливо управување, или ќе продолжи уништувањето на она што го прави градот уникатен во светски рамки?