Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаражата во Белград во која денеска е пронајден арсенал со оружје, била изнајмена со лажна лична карта, пренесуваат медиумите

Гаражата во Белград во која денеска е пронајден арсенал автоматско оружје, била изнајмена со лажна лична карта, пренесе белградски „Блиц“.

Обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград веднаш излегол на местото каде води истрага со полицијата. На теренот имаше и припадници на специјалната антитерористичка единица

Целиот прв кат на зградата бил евакуиран, а на граѓаните им било забрането да се приближуваат до зградата. Никој не виде што е извадено од зградата.

Во меѓувреме се појавил наводниот сопственик на гаражата, кој е од Нови Сад, кој рекол дека ја изнајмил гаражата и дека на полицијата и кажал се’ и дека не знае што се случува.

Според станар, чиј стан се наоѓа над гаражата, станува збор за скратена гаража, за која се сметало дека е празна и нема сопственик.

Да потсетиме, во Нов Белград, во блок 29 денеска беше откриена гаража полна со оружје од секаков калибар, а наводно биле пронајдени бомби, оружје и муниција.

Зачлени се на нашиот е-билтен