Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаши: Интерпелациите демократска алатка без егзекутивна моќ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите рече дека веднаш после Новата година на 10 јануари, на првата нова седница на која ќе бидат ставени интерпелаците за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, а што на почетокот на овој месец ги поднесоа од пратеничката група на „Европскиот фронт“. На истата седница ќе биде ставена и интерпелацијата за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути.

„Интерпелациите на дневен ред ќе бидат ставени како што е според Деловникот, ако има одговори, ќе бидат ставени како што доаѓаат одговорите, ако не, тогаш ќе  бидат ставени како што се стигнати во Собранието. Според Деловникот за секоја интерпелација се дискутира цел ден, всушност колку пријавени има за збор и  до крајот на денот мора да се гласа по одредената интерпелација“, рече Гаши на последниот брифинг со новинарите за оваа година. 

На новинарско прашање, за ефектот од интерпелациите спикерот Гаши информираше дека тие повеќе се демократска алатка за политичка дискусија, за една тема, околу еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието. 

„Интерпелацијата  како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ. Тоа е повеќе демократска алатка за политичка дискусија околу една тема, околу еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието“, рече Гаши.

На почетокот на овој месец „Европскиот фронт“, предводен од ДУИ поднесоа четири интерпелации за четворица владини функционери,  за кои рекоа дека се без етнички легитимитет. 

Интерпелација има за вицепремиерот Меџити, кој според ДУИ е одговорен за лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата, вклучително и меѓуетничките односи. Интерпелацијта  за министерот за внатрешни работи Тошковски и неговиот заменик Исени, ја образложија дека за време на празнувањето на Денот на албанското знаме се случила полициска интервенција врза мирна традиционална манифестацција на Албанците. Интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоиљковиќ е поради непостапување и неизјаснување во врска со настаните во Куманово, кога изгореа неколку возила и продавница на Албанци. 

Интерпелацијта за претседателката на Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, ја поднесе Левица поради прекршување на Устеавот и Деловникот, во врска со Законот за бранителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен