Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со студентите на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет. На средбата тој порача дека како млади луѓе, треба да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно.
– Претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и моите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на транспарентноста на Собранието и тоа на повисоко ниво. Гласот на младите е искрен, треба да биде слушнат, бидејќи во политиката успехот се мери со она што е направено за идните генерации, рече Гаши, пред студентите.
Претседателот на Собранието, Гаши , посочи дека е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ со цел младите да останат во земјава, затоа што, тие се иднината, наведуваат.
Претседателот на Собранието, ги охрабри младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен.