Поради израелските закани за масовен воен одговор Иран може да ја ревидира својата „нуклеарна доктрина“ предупреди денеска Ахмад Хагталаб, висок командант на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда, задолжен за нуклеарната безбедност, цитиран од британските медиуми.
-Ревидирањето на нашата нуклеарна доктрина и политики, како и претходно објавените размислувања е сосема можно, рече генералот Хагталаб, цитиран од иранската агенција Тасним.
Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за нуклеарната програма на Техеран, за која Западот се сомнева дека е за нуклеарни цели.
Хамнеи постојано изјавува дека Техеран никогаш не се обидел да изгради или да користи нуклеарно оружје, затоа што тоа неговата религија го забранува.