Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго кон Куба

 Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство го осуди економското ембарго на САД против Куба.

Ембаргото го осудија 187 членки на ОН, додека САД и Израел беа против, пренесуваат американските медиуми,

Украина беше воздржана, додека Сомалија, Венецуела и Молдавија не гласаа.

Пред гласањето, шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, повика на поддршка за разумот, правдата, Повелбата на ОН и меѓународното право.

Родригез оцени дека целта на Вашингтон е да ја ослаби кубанската економија, да го направи народот гладен и очаен и да ја собори владата во Хавана.

Ембаргото беше воведено во 1960 година, по кубанската револуција предводена од Фидел Кастро и национализацијата на имотот што им припаѓа на американските граѓани и корпорации

Зачлени се на нашиот е-билтен