🇪🇺ЕУ во UN-NY
@EUatUN
Усвојувањето на денешната резолуција на ОН за ран и праведен мир во Украина ја потврдува важноста од почитување на Повелбата на ОН и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји.
Мир во Украина. Во согласност со Повелбата.
✅ 93 гласа ЗА
❌ 18 гласа против, пишува на платформата.
Објавата на Х, следеше откако денеска, на третата годишнина од руската инвазија на Украина, САД не успеаја да добијат одобрување од Генералното собрание на ОН за својата резолуција со која се повикува на крај на војната без споменување на руската агресија. Наместо тоа, Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина.
Инаку и двете резолуции и „украинската“ и „американската“ имаат по 93 гласа ЗА, со тоа што американската е ставена на гласање со измени иницирани од европски држави. За „украинската“ има 18 држави против, за видоизменетата „американска“ за која САД апстинираат има 8 гласа против. (Измените се однесуваат на: Генералното собрание додаде јасен јазик во американската резолуција дека Русија ја нападнала Украина со прекршување на Повелбата на ОН).
Гласањето покажува намалена поддршка за Украина, чија резолуција беше усвоена со 93 гласа „за“, 18 „против“ и 65 воздржани.
Гласањето за изменетата американска резолуција заврши со 93 гласа „за“, 8 „против“ и 73 воздржани. Украина гласаше „за“, САД се воздржаа, а Русија гласаше „против“.
Резолуциите на ОН не се правно обврзувачки, но служат како мерило за светското јавно мислење.