„Ако ја анализирам македонската политика три години пред распадот на Југославија до денес, можам да кажам дека денес не само ВМРО (ДПМНЕ) туку имаме најпросрпска Влада што постои во Македонија, дури можам да ви кажам повеќе и од времето на Лазар Колишевски“, вели Љубчо Герогиевски, основачот и долгогодишен лиде на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24. (од 32:26 до 32:47 минута на видеото).
Георгиевски наведува повеќе аргументи за да ја поткрепи оваа своја теза и влече аналогија дека дека и Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија и дека има и многу други примери.
„Забораваме дека дека Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија, така? И многу други примери. Значи, ако денес сакате да ви кажам, јас сметам дека денес ние имаме една отворена просрпска партија која што ни кај комунистите еве да речеме кај левичарите, ни кај десничарите од 45-та година толку изразено не ги паметиме. Мене ми е жал што тоа се случува со партијата која сум ја формирал, мене ми е жал што партијата која го носи името ВМРО (ДПМНЕ) прави ваква диверзија и цинизам на историјата, меѓутоа очигледно тоа ни се случува во моментот“, посочува Љубчо Георгиевски во Трилинг (од 33.09 до 33.53 минута од видеото од интервјуто).