Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Герапетритис: Перспективата на Северна Македонија во ЕУ зависи од исполнувањето на обврските од Преспанскиот договор

„Развојот на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, зависи од исполнувањето на обврските кои произлегуваат од аки комунитер на ЕУ, меѓународното право каде што спаѓа и посветеноста во меѓународните договори како што е Договорот од Преспа и преку одржувањето на добрососедските односи“, изјавил за грчката државна телевизија ЕРТ, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис за средбата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.

ЕРТ нагласува дека средбата се одржа во канцелариите на Постојаната мисија на Грција во Обединетите нации на маргините на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН.

На средбата се разговарало и за прашања од билатерална, прекугранична и регионална соработка .

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново