Вицепремиерката за европски прашања во Владата на Молдавија Кристина Герасимов, на денешната заедничка прес конференција со првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека „пропагандата на Руската Федерација и дезинформациите во однос на нашата европска иднина е силна“.
„Ги користат социјалните медиуми за да ги шират пораките на стра и за наводна несигурност за нашата безбедност како држава. Ова не е ништо ново. Сме ги гледале овие пораки и ваквите наративи и во минатото, но сепак тие нема да успеат да ја нарушат нашата европска агенда затоа што граѓаните на Република Молдавија знаат дека ЕУ е проект за мир, тоа е простор каде што има цврсто почитување на човековите права и демократијата и владеењето на правото и тоа се вредностите кои што ги споделува секој граѓанин на нашата држава“, истакна вицепремиерката за европски прашања во Владата на Молдавија Кристина Герасимов.