Наставниците, стручните соработници и директорите од основниоте училишта во општина Центар денеска од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски добија сертификати за завршена обука „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“.
„Наставниците се луѓето што секој ден го обликуваат нашето општество, со трпение, љубов и голема посветеност. Тие не ги учат младите само да читаат и пишуваат, туку и да бидат чесни, добри и одговорни луѓе. Во време кога младите се соочуваат со многу предизвици, наставникот е тој што знае да ги насочи, да ги мотивира и да им покаже што значи вистинска вредност и морал. Денеска со голема чест им доделив сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката“, истакна Герасимовски.

Како што се наведува во соопштението на Општина Центар, овој настан се одржува по повод Светски ден на учителот – 5 октомври.