Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска остварил средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, на која се разговарало за тековните активности на општината, идните проекти и можностите за продлабочување на соработката.
На средбата, како што соопшти Општина Центар, акцентот бил ставен на проектите за подобрување на услугите за граѓаните, локалниот развој и процесот на децентрализација. Според Герасимовски, поддршката од САД е значајна за унапредување на општинските практики и за понатамошен развој на Центар како модерна и отворена општина.
Во соопштението се наведува дека Општина Центар и натаму инвестира во инфраструктурни проекти, подобрување на јавните услуги и иницијативи што треба да го олеснат секојдневието на жителите и да ја зголемат ефикасноста на локалната самоуправа.
Средбата, според информациите од општината, поминала во конструктивна атмосфера, со изразена подготвеност за натамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и американската амбасада.