Најголемиот проблем останува чистењето на контејнерите и собирањето на отпадот, што е задолжение на Градот Скопје, иако има мало подобрување, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за веб-порталот ,,48 Часа”, одговарајќи на прашањето каква е моменталната соработка со Градот.
„Секојдневно праќаме дописи до Градот за одредени проблеми со кои се соочува општината. Верувам дека Градот наскоро ќе најде решение за нив. Доколку тоа не се случи, ние како општина сме подготвени, а тоа го покажавме и во претходниот мандат , да ги решаваме проблемите самоиницијативно, и покрај огромниот број предизвици со кои се соочуваме”, рече Герасимовски.
Градоначалникот е уверен дека општината може сама да ги решава проблемите со кои се соочува.
,,Доколку граѓаните сите оние средства што ги уплаќаат во јавните градски претпријатија, ги уплаќаат во Општина Центар и нашите претпријатија, јас сум сигурен дека можеме самоиницијативно да ги решаваме сите проблеми со кои сме се соочувале и се соочуваме денеска, рече Герасимовски.