Герасимовски ветува двојно зголемување на еднократната парична помош за пензионерите во Центар

Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, најави дека доколку добие уште еден мандат, од следната година еднократната парична помош за пензионерите ќе се зголеми од 2.500 на 5.000 денари.

„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите чија пензија е до просечната, а покрај тоа ќе изградиме и дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат подобар и посреќен живот за Центар што го сакаме“, се наведува во соопштението од неговиот изборен штаб.

Домот за стари лица ќе се гради на Водно, со капацитет за 50 корисници, според европски стандарди и со 24-часовна медицинска нега. Исто така, ќе продолжат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија, со цел сениорите да имаат можност за дружење и рекреација.

Зачлени се на нашиот е-билтен