Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ГЕРБ на Бојко Борисов е убедлив победник на изборите во Бугарија

Партијата ГЕРБ на порнешниот бугарски премиер Бојко Борисов е убедлив победник и на изборите за пратеници во Народното собрание на Бугарија и на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат излезните анкети по вчерашното гласање.

Бојко Борисов пред изборите најави дека веќе нема да се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на политичката нестабилност.

По ГЕРБ е коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ на Кирил Петков и Христо Иванов, потоа партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ на Слави Трифонов.

За двојните избори во Бугарија беа пријавени 6.518 кандидати, 6100 за националниот парламент, а 418 кандидати за пратеници во Европскиот парламент.

Во случај на неуспех да се формира стабилно мнозинство, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.

Треба да знаете
Moже да ве интересира