Германија, Франција, Норвешка покажаа заби, праќаат НАТО трупи на Гренланд

Данска објави дека од денес го проширува военото присуство во и околу Гренланд, со распоредување дополнителни капацитети на копно, море и во воздух, во координација со сојузници од НАТО. Во активностите, според данските вооружени сили, ќе учествуваат и Франција, Германија, Шведска и Норвешка, преку придонеси со војници, бродови и летала во рамки на заедничка зголемена присутност и вежбовни активности.

Од данското Министерство за одбрана посочуваат дека целта е да се зајакне способноста за дејствување во арктички услови и да се засили „печатот“ на Алијансата на Арктикот, со корист и за европската и за трансатлантската безбедност. Во текот на 2026 година, активностите може да вклучуваат обезбедување критична инфраструктура, поддршка на локалните власти во Гренланд, вклучително и полицијата, прием на сојузнички сили, распоредување борбени авиони и поморски задачи.

Најавата доаѓа во момент на заострена дипломатска клима околу статусот на Гренланд, по серијата изјави од американскиот претседател Доналд Трамп дека американската контрола на островот е „неопходна“ од безбедносни причини. Токму денес во Вашингтон се одржаа и разговори на данскиот и гренландскиот шеф на дипломатија со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, во обид да се намалат тензиите и да се задржи темата во рамки на сојузничка координација.

Зачлени се на нашиот е-билтен