Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија го либерализира пазарот на канабис

Законот дозволува пушење канабис на многу јавни места, но во него се предвидени и рестрикции и санкции како, на пример, не е дозволено во домовите да се чува повеќе од 50 грама марихуана, а надвор не може да се поседува повеќе од 25 грама. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама. Може да се одгледуваат до три растенија дома.

Стотици граѓани со запалки и светла од мобилни телефони синоќа чекаа пред Бранденбуршката палата во Берлин да чукне полноќ и првите секунди од први април да го означат мигот кога во Германија стапува на сила законот за легализација на марихуаната. Земјата го декриминализира поседувањето мали количини од денеска.

Законот дозволува пушење канабис на многу јавни места, но во него се предвидени и рестрикции и санкции како, на пример, не е дозволено во домовите да се чува повеќе од 50 грама марихуана, а надвор не може да се поседува повеќе од 25 грама. За лица под 21 година, количината е ограничена на 30 грама. Може да се одгледуваат до три растенија дома.

Како втор чекор, на „клубовите за канабис“ ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови.

Од 1 јули жителите на Германија постари од 18 години ќе можат да се приклучат на „клубовите за канабис“ – непрофитни организации со најмногу 500 членови. Трошоците на клубовите ќе бидат покриени со членарина, чиј износ ќе зависи од количината на марихуана што ја користи соодветниот член.

Новиот режим го прави германскиот закон за канабис еден од најлибералните во Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен