Германија планира годинава да одвои 26,6 милијарди евра за бегалци, што е за околу три милијарди помалку од потрошената сума минатата година, објави денеска германскиот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на податоци од Министерството за финансии.
Министерството се уште не дало коментар во врска со тоа.
Податоците од секторот за финансии ќе бидат вклучени во извештајот поврзан со бегалците и трошоците за интеграција, кој се очекува да го разгледа Владата на почетокот на мај, објави весникот. (МИА)