Германија и Франција сакаат да работат заедно за да обезбедат подобро снабдување со муниција за Украина, соопштија германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и нејзиниот француски колега Стефан Сежурне на денешната средба во Париз.
За време на средбата, двајцата министри зборуваа за можна глобална набавка на муниција за Украина.
Како што пренесе ДПА, извори од делегацијата соопштиле дека имало „добри и доверливи дискусии за тоа како Германија и Франција би можеле да ја поддржат Украина со конкретни чекори“.
Се разговарало и за начините за спротивставување на обидите за дестабилизација на Молдавија.
– Обединети и решителни: заедно сме силни, напиша Бербок за средбата на X.
Сежурне напиша: „
– Нашите две земји се целосно посветени на страната на Украина и работиме заедно за да направиме повеќе и подобро, напиша Сежурне.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно денеска соопшти дека неговата земја ја поддржува чешката иницијатива за набавка на околу 800.000 артилериски гранати за Украина од земји надвор од ЕУ.