Германија ќе купи уште 20 авиони Еурофајтер од Ербас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додека Берлин се бори да ја засили својата одбрана.
Говорејќи на меѓународниот авио саем во Берлин, Шолц рече дека нарачката ќе биде дадена пред Германија да ги одржи следните општи избори во 2025 година.
Новите авиони се надополнуваат на уште 38 што веќе беа нарачани во 2020 година како дел од замената на германските авиони Торнадо, стари со децении.
Шолц рече дека Германија е, исто така, „посветена да му понуди понатамошни перспективи на Eurofighter во однос на извозот“.
Шолц објави специјален буџет од 100 милијарди евра и вети дека ќе ја исполни годишната цел од два отсто од БДП од 2024 година.