Германија објави нов водич за кризи: Што да подготвите за најмалку 10 дена

Германската Федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK) објави нов водич за граѓаните за справување со кризи и катастрофи. Водичот дава препораки како да се подготвите за различни итни ситуации, од изненаден прекин на струја и екстремни временски услови до болест или празни рафови во продавниците.

„Дури и во една од најбезбедните земји во светот, кризи можат да го нарушат нашето секојдневие. Понекогаш дури и војна веќе не изгледа невозможна како пред неколку години“, наведува BBK.

Што треба да имате подготвено:

  • Залива на храна за најмалку 10 дена (или барем 3 дена како минимум).
  • Храна која не бара ладење и не се расипува при прекин на струјата.
  • Храна која може да се приготви со малку енергија или без готвење.
  • Вода: најмалку 2 литри по лице дневно.

BBK истакнува дека при составување на залихите треба да се земат предвид личните преференции, алергии и можностите за складирање.

Пакет за преживување:
Граѓаните на ЕУ се советуваат да имаат „пакет за преживување“ кој содржи основни намирници и ресурси за справување со кризни ситуации.

Во водичот се потенцира и значењето на точни информации и правилни препораки за постапување, особено во време на дезинформации и лажни вести кои можат да предизвикаат паника или погрешна процена на ситуацијата. BBK предупредува дека дезинформациите се особено опасни за време на кризи и катастрофи.

Новата верзија на водичот исто така ја зема во предвид и темата на војната, поради зголемените прашања и загрижености на граѓаните, особено во контекст на руската агресија врз Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен