Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија планира „единица за рано откривање“ за борба против десничарскиот екстремизам

 Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер планира да формира „единица за рано откривање“ за кампањи за странска манипулација и влијание како дел од владините напори за борба против десничарскиот екстремизам, јави ДПА.

Планот е дел од пакетот од 13 мерки што Фезер ги претстави денеска во Берлин заедно со шефот на домашните разузнавачки служби Томас Халденванг и шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција Холгер Минх.

Новата единица за рано откривање е наменета однапред да препознава кампањи кои се користат за манипулирање со слободното формирање мислење и политичка дебата и за слабеење на демократијата.

-Сакаме да ги искористиме сите инструменти на владеењето на правото за да ја заштитиме нашата демократија. Сакаме да ги разбиеме десничарските екстремистички мрежи, да им ги одземеме приходите и да им го одземеме оружјето, рече Фезер во изјавата. 

Министерството за внатрешни работи се залага и за измена на германскиот устав за подобра заштита на Сојузниот уставен суд од влијанието на непријателите на демократијата. За ова се разговара и меѓу правните експерти, со особен фокус на назначувањето на судии, пренесе ДПА.

Зачлени се на нашиот е-билтен