Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија повика Иран да помогне во спречувањето на зголемување на тензиите на Блискиот Исток

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок му порача на својот ирански колега Али Багери Кани дека Техеран треба да помогне во спречувањето на зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

„Мора по секоја цена да се избегне натамошно влошување на ситуацијата. Иран исто така треба да придонесе за тоа“, истакнала Бербок во телефонски разговор со Багери Кани, кој е привремен министер за надворешни работи на Исламската Република, според објава на германското Министерство за надворешни работи на социјалната мрежа Икс.

Во средата, германската министерка за надворешни работи предупреди во интервју за германското радио дека ескалацијата на борбите меѓу проиранското либанско движење Хезбулах и Израел претставува опасност од зголемување на тензиите на Блискиот Исток, што може да има непредвидливи последици за целиот регион, истакнува ДПА. 

Зачлени се на нашиот е-билтен