Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија повторно станува голема воена сила?

Германски војници

Кога Русија го анектираше Крим во 2014 година, германските воени планери почнаа да ја разгледуваат ненадејната можност за голема копнена војна во Европа, онаа што ќе бара од германските војници да ја бранат европската територија.

Тие стравови станаа поакутни, што резултираше, минатата година, со најавата за плановите за најголем скок на германските воени трошоци од времето на Втората светска војна, пишува американскиот дневник „Њујорк Тајмс“. 

Пред руската инвазија на Украина, скептицизмот за заслугите на воената сила овозможи долг процес на разоружување по Студената војна во Германија.

Сега, германските лидери ветуваат дека ќе ја трансформираат земјата во воена сила способна да преземе одговорност за безбедноста на Европа. Но, германското општество, во кое нацистичкото минато на земјата изгледа големо, останува колебливо.

Фактот дека германските војници постојано се вмешани во случаите  на десничарски екстремизам од  висок профил не помогна да се олесни оваа непријатност.

Руските пропагандисти очигледно се обидуваа да им ги истенчат нервите кога за планови на Германија да испорача тенкови на Украина спинуваа дека земјата се враќа на нацизмот.

Досега, американската администрација се обидуваше, и главно не успеа, да ги натера Германците и другите европски сојузници да ги зајакнат своите воооружени сили и да ја исполнат целта на НАТО за зголемена одбранбена потрошувачка од 2 отсто од бруто домашниот производ, цел која Германија одамна не ја има постигнато.

Подготви: Д. М. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен