Германија престанува да користи јаглен: Сончевата енергија го надмина лигнитот во трката за електрична енергија

За прв пат, производството на електрична енергија од соларни централи во Германија може да го надмине она од лигнитот – највалканиот извор на енергија. Земјата забрзано се движи кон почиста енергетска мешавина, оставајќи го јагленот зад себе.

Оваа година соларните централи во Германија се очекува да произведат повеќе електрична енергија од термоелектраните со лигнит за прв пат, според Германското здружение за соларна индустрија (BSW).

Минатата година производството на електрична енергија од јаглен само малку го надмина она на сончевата енергија, па сега се очекува учеството на јагленот дополнително да се намали. Директорот на BSW, Карстен Керниг, рече дека „чистата соларна енергија веројатно ќе го надмине лигнитот во однос на количината на електрична енергија произведена во Германија“, пренесува dpa.

Според податоците на Институтот за соларни системи Фраунхофер (ISE), термоелектраните на јаглен произвеле 72,8 терават-часови електрична енергија во 2024 година, додека соларните електрани произвеле речиси исто – 72,6 TWh. Тоа значи дека лигнитот моментално учествува со 15,61%, а сончевата енергија со 15,57% во вкупното нето производство на електрична енергија во земјава.

Во Германија моментално се инсталирани околу 105 гигавати соларен капацитет, а се очекува дополнителен раст преку таканаречените „балконски електрани“ – мали соларни системи за домаќинствата – кои иако сè уште придонесуваат само со околу еден процент, стануваат сè попопуларни.

Зачлени се на нашиот е-билтен