Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, соопшти дека неговата земја значително ќе ја засили поддршката за украинската противвоздушна одбрана, со пет системи „Патриот“, муниција за противвоздушните системи „Гепард“ и финансирање на производството на украински далечински дронов
„Минатата недела во Вашингтон се договорив со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека Германија ќе придонесе за што побрзо обезбедување на пет исклучително потребни системи „Патриот“, рече Писториус.
Како што пренесува Укринформ, според него, партнерите во наредните денови тесно и во духот на меѓусебна доверба ќе ја координираат реализацијата на таа иницијатива.