Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германска воена фрегата плови кон Црвеното Море за да се приклучи на мисијата на ЕУ

 Германски воен брод се упати кон Црвеното Море, каде што се планира да учествува во мисијата на Европската унија за заштита на поморската трговија и за поддршка на акциите против јеменските бунтовници Хути, кои вршат напади врз трговски бродови, според специјализираната веб-страница за следење на бродови „Марин Трефик“ („Marin Traffic“).

Германската фрегата „Саксен“ од класата Хесен, на 8 февруари отплови со 240 војници од пристаништето Вилхелмсхавен до Средоземното Море, а на дестинацијата треба да пристигне на 19 февруари, пренесува Ал Џезира.

Командантот на германската морнарица, вицеадмирал Јан Кристијан Как, на прес-конференција во Берлин рече дека задачата на бродот е да учествува во мисијата на Европската унија за заштита на поморската трговија и да ги поддржи воените напори против ракетните и беспилотните напади на Хутите врз бродовите во Црвеното Море и Аденски Залив.

Јеменските бунтовници вршат, како што тврдат, напади врз бродови во областа поврзана со Израел, како знак на солидарност со палестинската милитантна група Хамас, која води четиримесечна војна со израелската армија во Појасот Газа.

САД, Велика Британија и другите западни сојузници како одговор почнаа напади врз цели на Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен. 

Зачлени се на нашиот е-билтен