Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германската инвестиција со која се фали Мицкоски е договорена минатата година во септември


Иако новиот премиер Христијан Мицкоски денеска гордо се пофали дека договорил нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, сепак оваа инвестиција е договорена од претходната влада уште во септември минатата година и се работи за компанијата BMZ.

Проектиран e годишен извоз од над 360 милиони евра, а договорот во Франкфурт го потпиша тогашниот вицепремиерза економски прашања на Северна Македонија, Фатмир Битиќи.

Вредноста на инвестицијата која ја договори Владата на СДСМ е 65 милиони евра и ќе отвори 755 нови работни места.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован Деспотовски минатата година во септември истакна дека договорот за инвестирање со германската компанија вреден 65 милиони евра е потпишан само седум месеци по првиот состанок.

-Најважно е што БМЗ ќе вработи повеќе од 750 лица со плати поголеми од 1.200 евра бруто. БМЗ е и првата компанија која формално се обврзува да обезбеди конкретна поддршка за развој на вештините на младите кај нас. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна корист од инвестициите, рече тогаш Јован Деспотовски во Франкфурт по потпишувањето на договорот.

BMZ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на засилена глобална транзиција кон зелена економија добиваат се повеќе нагласена пазарна вредност и можности за успех. Тоа е синоним за технолошки напредна компанија, со високо ниво на одржливост и пазарен потенцијал што произлегува од нивните иновативни, висококвалитетни производи, кои секоја земја би сакала да биде дел од нејзината економија.

Зачлени се на нашиот е-билтен