Германската полиција фати педофил од Скопје

27-годишен скопјанец e пријавен за производство и дистрибуција на детска порнографија.
Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, поради основано сомнение за „производство и дистрибуција на детска порнографија“ (чл. 193-а ст. 3 од Кривичниот законик). Постапката е иницирана по информација од германската полиција во рамки на меѓународна истрага за сексуална злоупотреба на деца, при што бил детектиран профил на „Телеграм“ со телефонски број и ИП-адреса регистрирани во Северна Македонија.

По судска наредба, на 20 август 2025 година е извршен претрес во домот и помошните простории на осомничениот, како и преглед на компјутерски системи и податоци. Пронајдени се и одземени предмети поврзани со случајот, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа. Ф.М. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Гази Баба. За случајот е известен надлежен јавен обвинител. За осомничениот важи претпоставката на невиност до правосилна судска одлука.

Зачлени се на нашиот е-билтен