Германски медиуми: Вучиќ е закана за стабилноста на Европа

Германските медиуми опширно пишува за актуелностите во Србија — од пакетот мерки за поевтина храна, преку односот на Брисел кон студентските протести, до улогата на национализмот. Според извештаите, властите се обидуваат да ја релаксираат ценовната криза, додека опозицијата и граѓанските движења продолжуваат со притисоци за демократски стандарди, пишува Дојче Веле во својата опширна анализа.

„Претседателски шеќер“ наместо „палка“

Die Presse го опишува пакетот на Александар Вучиќ како „чудесни мерки“ за намалување цени на околу 3.000 производи во рок од шест месеци, со важност од 1 септември. Покрај поволни кредити, најавени се поевтино огревно дрво, пониски сметки за струја за „социјално ранливи“ пензионери и ограничување на можноста за заплени од извршители („без одземање станови до 60 м²“).
Сепак, економистите предупредуваат дека ограничувањето на трговските маржи може да има краткорочен ефект: синџирите ќе ги префрлат трошоците на други производи или кон добавувачите, што го релативизира очекуваното поевтинување.

„Рајнфалц“: Брисел штеди критика за сметка на стабилност

Rheinpfalz оценува дека Европската комисија со месеци реагира „ритуално и неефикасно“ и практично не врши притисок врз Белград, бидејќи Србија се смета за клучна за стабилноста на Балканот. Истовремено, Германија и ЕУ продолжуваат со милионски фондови, додека довербата на граѓаните во европската перспектива опаѓа. Според текстот, Србија последниве години станала позаробена од Русија и Кина, а Вучиќ го гледа Западот пред сè како економски партнер — не и како модел за институционална демократија.

„Шпигел“: момент на пресврт и два сценарија

Во интервју за Der Spiegel, политикологот Ведран Џихиќ вели дека Србија е во преломен момент: или нови избори, или ризик од ескалација на насилство. Протестниот бран е хетероген — од левица до националисти — а национализмот, вели тој, со децении го обликува општеството. За иднината на движењето ќе мора да се отворат и болните теми: Косово, геноцидот во Сребреница и соочувањето со минатото. Позитивен сигнал, според него, е солидарноста во Нови Пазар меѓу православни Срби и муслимани Бошњаци — знак за можност на „поинаква слика за Србија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен