Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја посети Кина во април

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја посети Кина на 15 и 16 април заедно со деловна делегација, рече за западни медиуми извор поврзан со планирањето на посетата.

Азиско-пацифичкиот комитет за германски бизнис и Германската индустриска федерација испратија покани до различни компании со технички претставници да му се придружат на Шолц, додаде изворот, но не прецизираше на кои компании точно се однесува.

Портпаролот на германската Влада одби да коментира за потенцијалното патување.

Последен пат Шолц ја посети Кина во ноември 2022 година, кога се сретна со претседателот Си Џинпинг. Канцеларот се обидува да ја убеди Русија да ја прекине инвазијата на Украина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен