Германскиот воен авион кој со часови кружеше над Пришина слета на скопскиот аеродром

Според податоците од службата „Flightradar24“, авионот на германската армија полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и во воздух останал седум часа, за на крајот да слета во Скопје“, пишува „Бота Сот“.

Агенцијата за услуги за воздухопловна навигација, потврди дека германскиот воен авион кој поради густата магла со часови кружеше над регионот и не можеше да слета на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“, конечно слета на аеродромот во Скопје. Податоците се објавени на веб-страницата Flightradar24,

Поради густата магла германски воен авион со часови кружеше над регионот на Приштина, затоа што не можел да слета на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“, потврди Агенцијата за услуги за воздухопловна навигација.

Авионот, според податоците од веб-страницата Flightradar24, конечно слета во Скопјe.

Дритон Ујкани од Националната администрација за воздухопловство и вселена (ASHNA) рече дека авионот немал екипаж сертифициран за слетување при намалена видливост, поради што постапката била продолжена.

„Германскиот воен авион не можеше да слета во Приштина бидејќи немаше персонал сертифициран за слетување во услови на намалена видливост. Другите летови се одвиваат нормално“, изјави Ујкани за „Коха“.

Според податоците од службата „Flightradar24“, авионот на германската армија полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и во воздух останал седум часа, за на крајот да слета во Скопје“, пишува „Бота Сот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен