Герт Вилдерс се враќа во кампања по закана пред изборите

Герт Вилдерс кампања продолжува со кампања две недели пред парламентарните избори во Холандија (29 октомври), откако лидерот на ПВВ накратко ја суспендираше јавната активност по извештаи дека бил на мета на група која подготвувала напад со дрон натоварен со експлозив во Белгија. Тој соопшти дека се враќа на терен и во ТВ-дуели, иако безбедноста останува засилена.

Американската агенција АП јави дека Вилдерс повторно се приклучува на настапите, по откажаниот викенд-митинг и дебата поради можно таргетирање од демонтирана ќелија во Антверпен; белгиските власти привеле осомничени и истражуваат можен план за политички атентати.

Холандските медиуми додаваат дека форматот на настапите ќе биде поограничен: фокус на големите телевизиски дебати и селективни интервјуа, заедно со високо ниво на полициска заштита. Државниот сервис и RTL известуваат дека Вилдерс се враќа на дебатните сцени, по неколкудневна пауза.

Ројтерс уште претходно објави дека лидерот на ПВВ го пропушти клучниот предизборен настан поради можно специфично безбедносно предупредување; истовремено, холандската контратерористичка служба не коментираше детали. Контекстот останува чувствителен: Вилдерс повеќе од две децении се движи со засилено обезбедување поради закани, а неговата партија влегува во кампањската завршница со високи рејтинзи и жестока дебата околу миграцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен