Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гете-институт ја носи светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија во Скопје

Изложбата обработува пет големи тематски области: Вселена | Историја на човештвото | Мозок | Антропоцен | ВИ.

Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот, а од 03.04. до 28.04.2023 ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ).

Изложбата Вселена.Човек.Интелигенција. обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција (Антропоцен е неформалниот термин што некои научници го користат за именување на актуелната геолошка епоха, која започнала кога луѓето почнале да имаат значајно влијание врз геологијата и екосистемите на Земјата).

За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се, на пример, компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл.

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата поттикнува љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 3 април во 11 часот, а влезот е бесплатен.

Повеќе информации ќе најдете на страната на Гете-институт Скопје www.goethe.de/skopje.

Зачлени се на нашиот е-билтен