Тони Гламчевски, долгодишен дописник од Париз, го пренесува расположението во однос на проширувањето после изборите за Европскиот парламент. Тој вели дека пптимистите веруваат дека проширувањето ќе биде сигнал за поголема ефективноста на европското владеење, благодарение на отстранувањето на правото на вето на суверените субјекти. Но, ништо не е помалку сигурно: 13 држави од 27 се целосно против напуштање на едногласното гласање, а потребно е едногласно гласање за да се укине тоа.
Со Тони Гламчевски разговараше Мирјана Василева
Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори откако беше објавено дека десничарската партија Национален Фронт, основана од Марин Ле Пен, освоила најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент. Според излезните анкети, партијата на десницата е близу 32 отсто, што е двојно повеќе од партијата Ренесанса на Макрон. Објавувајќи го распуштањето на парламентот, Макрон рече дека два круга на гласање ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули, неколку недели пред Олимпијадата во Париз.
За порталот Рацин.мк разговаравме со долгогодишниот дописник од Франција Тони Гламчевски, добар познавач на француските политички состојби во оваа земја, кој што ни ја пренесе атмосферата пред вонредните парламентарни француски избори.
Според Гламчевски Емануел Макрон можеби ќе остане запаметен во историјата на Франција, како претседател кој успеа да ги уништи класичните политички партии во неговата земја отткако со „сериозност“ ја оправда својата одлука за распуштање на Националното собрание повикувајќи ги „републиканските сили“ да се обединат околу неговиот табор за изборите на 30 јуни и 7 јули.
„Одлуката Макрон ја најави стоејќи зад своето биро, во неговиот кабинет на улицата Камбон, во Париз, на мало растојание од Елисејската палата – за да не се посомневаат другите партии дека користел државни средства. Тој како да ја оправда „сериозно“ својата одлука за распуштање на Националното собрание три дена порано, повикувајќи се на „парламентарна равенка која тешко се одржува“, „лутината“ и „незадоволството“, што Французите ги изразија на 9 јуни, на што „не можеме да останеме рамнодушни или глуви“ и, конечно, заканата од гласање на недоверба на владата најавена за оваа есен. Три критериуми кои го „наметнаа“ „враќањето на суверениот народ“, „единствениот републикански одговор“, смета тој. Според тоа, распуштањето не би било плод, како што се сомневаат неговите критичари, на непромислен или гест на гордост, уверува тој пред публиката од околу двесте новинари и владата што го слушаат мудро.
„Нема да водам кампања за законодавните избори, на ист начин како што не го сторив тоа во 2017 и 2022 година“, вети тој. Премиерот Габриел Атал, кој седеше во првиот ред, „ќе ја спроведе оваа кампања“, ветува Макрон. Неговиот поранешен премиер Едуар Филип, отсутен од големата маса на улицата Камбон, ја оцени посветеноста на претседателот на Републиката за вонредни избори како „не сосема здрава“. За возврат, Емануел Макрон ги исмева „личните амбиции на секоја личност“, погодени од распуштањето. Атмосфера на пресметка, вели Гламчевски во разговорот за Рацин.мк.
Добрите познавачи на актуелните сосотјби велат дека, без оглед на резултатите на овие избори, позицијата како шеф на државата нема да биде загрозена, но доколку тој победи, неговата заложба е до крај да ја реализира својата програма, како и да наметне премиер што ќе го поддржи целиот негов политички проект. Сепак, резултатите од изборите за Ецвропскиот Парламент покажуваат дека тој може да го изгуби сето тоа, ни рече нашиот соговорник.
„Претседателот на Републиката, чии што политички групи сега се заглавени меѓу „два блока“, се обидува да ја започне „битката за вредности“ против „екстремите“. Ако, до 9 јуни, го таргетираше само Националниот фронт, сега го концентрира својот гнев и против La France insoumise (LFI) (Бунтовна Франција-крајна левица), со ист интензитет. Радикалната левица на Жан-Лук Меланшон е обвинета за „антисемитизам“, „антипарламентаризам“ и за „создавање понекогаш постојан“ и „загрижувачки“ неред во Националното собрание. Сојузот на „Народен фронт“, кој моментално се формира меѓу Социјалистичката партија, Комунистичката партија, Екологистите и ЛФИ, се смета за „непристоен“. Значи за Макрон левицата е поопосна од крајната десница.
Нивните економски програми, доколку се спроведат, ќе доведе до „банкрот на системот“, вели Макрон, но тој заборава дека на два пати, во вториот круг на претседателските избори во 2017 и потоа во 2022 беше избран со гласовите на левицата и крајната левица, која сакаше да им стави пречка на Марин Ле Пен и крајната десница. А по изборот, Макрон како да заборави со чии гласови дојде на власт и води политика која не се разликува многу од програмата на крајната десница.
Убеден дека многу Французи „не се препознаваат себеси во оваа екстремистичка треска“, шефот на државата предлага, по неколку неуспешни обиди од 2022 година, да се изгради „федерација на проекти за управување“, која ќе ги собере „сите оние кои не можат завршуваат во крајности“. Покажувајќи ја својата „искрена и скромна желба да изгради консензус и да прави компромиси“, тој посегнува до „социјалдемократите“ од една страна и до републиканската десница од друга страна. На партиите во претседателскиот камп им останува да го градат овој „централен, прогресивен и републикански блок“, „пред и по законодавните избори“.
Запрашан за „денот потоа“, кога можеби ќе треба да избере премиер од редовите на екстремната десница, бидејќи би било „апсурдно“, да поднесе оставка, Емануел Макрон беснее против „духот на поразот, кој „отсекогаш бил во елитите“. „Не сакам да ги дадам клучевите на власта на крајната десница во 2027 година“, инсистира тој. Но, не може да каже какви инструкции за гласање ќе даде на 7 јули, во изборните единици каде што ќе се соочат „двете крајности“ што тој ги осудува“.
На прашањето дали на Европски избори за ЕП беше заборавено на процесот на проширување, Гламчевски се согласи дека проширувањетобеше табу тема во кампањата за европските избори и дека сега новиот состав на ЕП најверојатно ќе биде порезервиран во однос на оваа проблематика.
Гламчевски смета дека проширувањето ќе се „движи“ меѓу поддржувачите на „статус кво“, односно ЕУ да остане со 27 земји членки и приврзаниците за проширување во заедница од 36 земји-членки. Тој потсети дека крајот на декември 2023 година, Урсула фон дер Лајен даде зелено светло за влез во Европа на Украина, Молдавија и Грузија додавајќи дека кандидатурите беа отворени во 1999 година – за Турција – и во 2003 година за Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, и Албанија.
„Оваа XXL Европа со 36 земји-членки (или 37 со Турција) ќе биде геополитичкиот хоризонт за кој ќе треба да дебатираат идните пратеници на Европската унија. Затоа тој беше и еден од критериумите за гласачите да гласаат на 9 јуни: за или против проширувањето? И меѓу оние кои што беа „за“, според која динамика. Сепак, зад импулсите во корист за отворањето за новодојденците лежат сомнежи и враќање назад. Најмногу европејци во Брисел се засрамени, во име на поговорката „кој премногу се бакнува, лошо се гушка“.
Зборот „проширување“ стана табу во Европа по референдумот во 2005 година. „Првото проширување на Исток беше одговор на крајот на Советскиот Сојуз, второто проширување на југоисток требаше да биде одговор на десетгодишната војна на Балканот, а третото проширување на Исток е повторно одговор на војната“, забележува Жак Рупник, почесен професор во Sciences Po, кој забележува дека „дваесет и пет години, статусот на кандидат повеќе не се трансформира во членство“.
На тркалезната маса во Францускиот сенат посветена на проширувањето на ЕУ, амбасадорот Филип Етиен предупредува долгото чекање од прифаќањето на кандидатурата се до отворањето на преговорите за земјите од Балканот.
Што мислеа земјите од овој регион на кои им ја отворивме перспективата за пристап? И во однос на тоа што ништо не се случува. Видовме како се развиваат мноштво надворешни влијанија, особено на Кина и Русија. Затоа и денес е малку будење што го имаме во нашите земји, во однос на геополитичката важност за стабилизирање на овој регион, но и за негово стабилизирање со дополнително закотвување во Европската Унија. И досега навистина не сме напреднале.
Статусот на кандидат за Босна и Хефрцеговина е нужно геополитичка одлука кога се знае колку земјата е комплицирана. Така, ние, на Западен Балкан, пристигнуваме поради новиот геополитички контекст и инвазијата на Украина, до нов период на земање во предвид на нивната кандидатура. И затоа зборуваме за 35 земји членки“, вели Филип Етиен француски амбасадор.
За да се воспостави реална перспектива за членство, резолуцијата на Комисијата за надворешни работи на Француското Националното собрание предложи во 2023 година да се дедраматизира транзицијата од кандидат до член, преку организирање на влез во фази, што ќе го направи учеството што е можно подоцна во политичките институции (Комисијата и Парламентот).
Вистината е дека „премиум“ пристапот до европскиот клуб е единствениот што ги интересира земјите кандидати. Сепак, овој клуб има многу порестриктивни правила од оние на едноставна меѓународна организација. Последните дваесет години покажаа дека еднаш во Европа, истите земји кои гордо го одбија „јаремот на Москва“, го одбија „јаремот на Брисел“. А што е со поместувањето на епицентарот на Европската унија кон исток? Што можеме да кажеме и за овие мали земји кои имаат пропорционално повеќе пратеници од големите, што ги огорчува вторите? Оптимистите веруваат дека проширувањето ќе биде сигнал за почеток што ќе овозможи да се зголеми ефективноста на европското владеење, благодарение на отстранувањето на правото на вето на суверените субјекти. Но, ништо не е помалку сигурно: 13 држави од 27 се целосно против напуштање на едногласното гласање, а потребно е едногласно гласање за да се укине тоа.
Искрениот одговор според анлитичарите би бил голем „мораториум“ на членствата, а за возврат храбра соседска политика. Тоа всушност би можело да се сфати сериозно само ако и само ако пристапот до клубот на ЕУ беше официјално затворен на неодреден период. Силви Гулард не потсетува дека во Стразбур постои Совет на Европа, чиј членки се веќе сите земји кандидати. Никој не го користи во моментов. Затоа датумите за членство до 2030 година изгледаат нереални, освен изразена политичка волја за проширување, претворена на дело како на пример за Бугарија и Романија, вели во интерјуто за Рацин.мк Тони Гламчевски, долгогодишен дописник на Македонската телевизија од Париз.
.