Астронаутите споделија фотографија од вселенската станица по гласањето и со тоа упатија повик до сите Американци да гласаат.
Астронаутите на НАСА на Меѓународната вселенска станица споделија слика од нив како лебдат и покажуваат чорапи кои не оставаат сомнеж од каде се.
„Не е важно дали седите, стоите или лебдите – важно е да гласате“, е пораката на Ник Хејг, еден од четворицата кои позираат на сликата.
Астронаутите гласаат на изборите во САД од 1997 година, според НАСА, и едноставно можат да пополнат апликација за отсутно гласање како и секој друг Американец надвор од дома.
Откако астронаутот ќе пополни електронско гласачко ливче – до кое пристапуваат само астронаутот и службеникот на земјата кој на крајот го добива – од вселената, документот оди во тест објектот на агенцијата White Sands во Лас Крус, Ново Мексико.
Оттаму, тој оди во Центарот за контрола на мисијата, а потоа конечно кај окружниот службеник одговорен за гласање.