Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Глобално истражување на „Payoneer“: 33 отсто од испитаниците во Македонија работат исклучиво како „фриленсери“

Хонорарното работење, односно „фриленсерството” е начин на којшто функционира сè поголем дел од светот, а 46 отсто од лицата во неодамнешното глобално истражување изјавиле дека забележале пораст во побарувачката на нивните услуги. Во петтото издание на извештајот подготвен од финтек-компанијата за дигитални плаќања, Payoneer, е вклучена и Северна Македонија, каде што 33 проценти од испитаниците изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери.

Ова интернационално истражување опфати 2.000 хонорарно вработени лица во 122 држави, меѓу кои се и балканските земји. Графички и веб-дизајн, програмирање, мултимедијална продукција, како и ИТ-услуги се најбараните од страна на фриленсерите во регионот. Позитивно е што поголемиот дел од југоисточна Европа во претходниот период забележал раст на цената на работните часови (37 отсто испитаници) споредено со тие што имале пад (10 проценти).

Од друга страна, иако голем број фриленсери ги зголемиле цените за својата работа, сè уште постои разлика во платата меѓу половите. Глобалното истражување покажа дека жените-фриленсери заработуваат просечно по 22 долари на час, додека за мажите таа сума е 24 долари на час. Ова претставува мало подобрување споредено со резултатите од минатата година.

Како одговор на растечките трошоци за живот, 55 проценти од испитаниците во светот прифатиле дополнителен ангажман, додека 32 отсто ја прошириле својата листа со клиенти во нови земји. Истражувањето покажа дека испитаниците во југоисточна Европа се помалку наклонети да работат исклучиво како фриленсери или претприемачи (61%) споредено со колегите во другите региони (71%). Во Србија, 59 проценти одговориле дека работат само како хонорарци или имаат свој бизнис, а 41 отсто се вработени во компании.

Ситуацијата во балканскиот регион е слична, односно во Северна Македонија 33% изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери, додека во Босна и Херцеговина тој број е 40 отсто. Интересен е податокот дека 47% од испитаниците во југоисточна Европа се помлади од 35 години што е статистички понизок процент споредено со сите останати региони опфатени во истражувањето.

Побарувачката за хонорарни соработници е сè поголема, меѓутоа, значаен дел од испитаниците, односно дури 65 проценти во југоисточна Европа, навеле дека работат 30 или помалку часови во текот на неделата. Ова е јасен показател дека фриленсерите се задоволни од рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, односно дека успеваат да заработат доволно средства и покрај тоа што работат помалку споредено со редовно вработените. На планот на главните извори за пронаоѓање работа, доминантното мнозинство изјавило дека се потпира на онлајн-пазарите како водечки начин за обезбедување ангажман.

Од друга страна, анкетата покажа дека само осум проценти од испитаниците во југоисточна Европа навеле дека главен извор за нова работа се социјалните мрежи. Причина за тоа е малата веројатност дека ќе добијат ангажман преку друштвените платформи од фриленсери во други делови од светот. Поради тоа, тие најчесто користат усни препораки од повеќето хонорарци од другите региони. Примарна мрежа што ја користат фриленсерите во југоисточна Европа е Linkedin со 33 проценти, а потоа следуваат Instagram (24%) и Facebook (15%).

Имајќи ги предвид резултатите од ова истражување, станува јасно дека фриленсерите и понатаму остануваат навистина атрактивна опција за компаниите бидејќи нудат посебен степен на флексибилност при управувањето на финансиските притисоци од опкружувањето. Нивното присуство во голема мера продолжува да игра клучна улога при одржувањето на бизнисот и на глобалната економија во текот на овие тешки времиња. Притоа, задоволството е двострано, а тоа е потврдено со бројот од 78 проценти од испитаниците во југоисточна Европа кои навеле дека се навистина задоволни од својот фриленс начин на живот.

Зачлени се на нашиот е-билтен