Државната награда „23 Октомври“ за 2025 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на културно-историското наследство од јавен интерес, годинава ќе им биде врачена на четворица истакнати македонски уметници.

За остварувања во областа на културата и уметноста, наградата ќе им биде доделена на:
- Гоце Тодоровски, актер;
- Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни;
- Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар;
- акад. Божин Павловски, писател.
Церемонијата на врачување на наградата ќе се одржи на 23 октомври 2025 година (четврток) во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда „23 Октомври“ е проф. д-р Митко Панов.