Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Годинава 774 македонски државјани депортирани од Германија

Бројот на депортации во Германија продолжува да расте: близу 10.000 луѓе биле депортирани од земјата во првата половина на 2024 година. Притоа, Северна Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле протерани 483 граѓани на Северна Македонија. Во текот на целата измината 2023 година биле депортирани 1.177 македонски граѓани. Од протераните 483 македонски граѓани во првиот квартал од 2024 година, 233 биле жени и 227 малолетни лица., пишува Дојче веле.

Околу 9.500 луѓе биле депортирани од Германија во првите шест месеци од годината, покажуваат податоците на германското федерално Министерство за внатрешни работи, наведени во одговорот на пратеничко прашање од партијата Левица

Во истиот период минатата година биле забележани 7.861 депортации, според новинската агенција ДПА, која што имала пристап до документот. Во 2023 година, вкупно 16.430 луѓе биле вратени со сила, во споредба со нешто помалку од 13.000 во 2022 година.

Според ДПА, најголемата група на депортирани по националност биле турските државјани (915), потоа Грузијците (839), Македонците (774), Авганистанците (675), Албанците (586) и Сиријците (534). Грузија, Северна Македонија, Австрија, Албанија и Србија се главни дестинации на депортациите.

Најново