Годишнина од Кадифената револуција во Чешка, Искрата на слободата што ја осветли иднината на многумина

Кадифената

Кадифената револуција во Чехословачка започна на 17 ноември 1989 година откако специјалната полиција брутално ги нападна студентите кои излегоа од утврдената рута на протестниот марш и се упатија кон центарот на Прага.

Со Кадифена револуција заврши постоењето на тоталитарниот комунистички систем и ја почна трансформацијата на Чехословачка во демократска земја, која во следните години водеше до мирна поделба на државите и темелна економска, политичка и социјална трансформација, симболизирана под паролата „назад кон Европа“, и го круниса влезот на Чешка и Словачка во НАТО и ЕУ.

По тој повод Европската комисија нашиша дека Кадифената револиуција беше „искра на слобода може да ја осветли иднината на многумина“.

Кога луѓето излегоа на улиците на есен 1989 година, тие ја ризикуваа сопствената слобода за да ја постигнат за сите. Нивното единство ги инспирираше Европа и светот, а нивната мирна револуција го промени текот на историјата засекогаш, се вели во објавата на Европоската комисија по повод годишнината од Кадифената револуција.

Зачлени се на нашиот е-билтен