Ѓоковиќ ќе игра на познатиот турнир каде и дебитираше

Фотографија од официјалната фејсбук страница на Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот Индијан Велс во САД кој ќе се одржи од 4 до 15 март.

По Австралија Опен каде беше поразен од Карлос Алкараз, Ѓоковиќ одлучи да направи пауза пред следниот предизвик и да го прескокне турнирот во Доха, Катар.

Сепак тој се враќа на турнирот каде дебитираше пред 20 години,

„Легендата се враќа. Дваесет години по своето деби, Новак Ѓоковиќ се враќа во „тенискиот рај““, се вели во најавата за првиот Мастерс во сезоната.

Ѓоковиќ го освои Индијан Велс пет пати, последниот пат во 2016 година. Заедно со Роџер Федерер, тој го дели првото место по бројот на титули.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9.415.725 долари

Зачлени се на нашиот е-билтен