Вчера попладне во скопско избувна пожар во кој целосно изгореа помошна просторија од викенд-куќа, пет објекти за живина, разновиден алат и дел од нискостеблеста шума во атарот на селата Раштак и Страчинци.
Инцидентот бил пријавен во 15 часот во СВР Скопје, а сопственик на изгорените објекти е 51-годишен жител на Скопје.
За среќа, повредени лица нема. Пожарот бил ставен под контрола и изгаснат од екипите на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, соопшти МВР.