Голем пожар попладнево избувна на пругите кои ги делат Кисела Вода и Аеродром. За кратко време пламените јазици се проширија речиси низ целиот простор.
На терен се пожарникари од ТППЕ Скопје, полиција, но и вработени од Железници кои се обидуваат да го стават под контрола и да спречат да се прошири кон околните куќи во Аеродром или кон зградите во Кисела Вода.