Поради силниот ветер пожарот брзо се прошири, а засега огнените јазици зафатија една куќа.
Пожарот е во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период од нешто повеќе од еден час беа испратени пет пораки за евакуација на оние кои се во шест населби.
Од Противпожарната служба на Грција информираа дека во пожарот интервенираат 190 пожарникари со седум пешадиски тима, 44 возила и голем број волонтери, а од воздух се гасне со 11 авиони и седум хеликоптери, од кои еден е за нивна координација.
Поради силниот ветер, високите температури и долгата суша, за денеска во областа Атика, дел од централна Грција и дел од Пелопонез е екстремна опасноста за пожари.