Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Голем скок на платите во новиот мандат, ветуваат од владејачката партија

Новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, рече вчера претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на средби со граѓаните од општина Центар.

Според програмата на партијата, минималната плата до крајот на следниот мандат ќе изнесува 600 евра, а просечната 1.100 евра.

Исто така, се најавува минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија д 30.000 денари.

-Токму новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, односно минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, но и минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Тоа се правилните насоки и затоа ни треба и продолжувањето на европскиот пат, потенцираше Ковачевски.

Ако се земе во предвид дека претходното ветување на партијата за просечна плата од 500 евра, е остварено и надминато (денес просечната плата изнесува 650 евра), доколку се продолжи со исто и забрзано темпо остварливо би било и ветувањето за 1.100 евра просечна плата во земјава.

Ако погледнеме само неколку години наназад, просечната плата изнесуваше само 360 евра во 2017 година.

Покрај големиот раст на просечната плата, и минималната плата достигна нов рекорд – од месец март веќе изнесува 22.500 денари. Тоа значи 180% зголемување споредбено со времето кога платата беше само 8.050 денари. (Центар.мк)

Зачлени се на нашиот е-билтен