Во Хрватска се спроведува голема потрага по 11-годишно момче, кое исчезна денес, 26 декември, во општина Драж, во близина на видиковецот Тројнаш.
По овој повод, хрватскиот ГСС објави:
„Ве молиме за помош! Денес, 26 декември 2025 година, во општина Драж, во близина на видиковецот Тројнаш, 11-годишниот Марко Мајиќ се оддалечи од своето семејство. Марко е висок 155 см, тежи околу 45 кг и носи темнозелена јакна, беж тренерка, темни патики Пума, сина маица и црна капа.
Доколку сте го виделе некаде, сте се сретнале со него или имате какви било информации, ве молиме контактирајте не на телефонските броеви: 112 или 091/224-1042. Ви благодариме однапред за какви било информации што можат да ни помогнат безбедно да го вратиме Марко во неговото семејство.“

Во коментарите, се огласи и мајката на момчето, барајќи од локалните жители да се огласат: „Дали има некои добро познати локации на Баново брдо во близина на Тројнаш или некои јами каде што би можел да падне? Очајна сум. Ви благодарам на сите што помагате. Сите се тука!“
Многу луѓе одговорија во коментарите со детални описи на бунарите и јамите во оваа област, а има и такви што сакаат да дојдат и да помогнат во потрагата по момчето. Секој што сака/може да го стори тоа може да дојде на локацијата во близина на Тројнаш, да донесе фенерчиња, а полицијата ќе ги упати каде да одат понатаму.