До редакцијата на „Рацин“, пристигна ново видео, снимено во ноќните часови на кое се гледа дека горат нови стрништа. Овојпат стрништата горат во атарот на Оштината Чешиново Облешево.
И од ова видео се гледа дека огинот се шири, но нема реакција од надлежните органи. На местото каде гори не се гледаат екипи со противпожарно возило за да реагираат навремено со цел да се спречи ширењето на огинот. На местото каде е запалено стрништето нема ниту припадници на МВР за да напрват увид кој би можел да помогне да се најде виновникот за запаленото стрниште.
Предпладеново од ЦУК, информираа дека безмалку сите пожари започнале од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).