Режисерот на „Исцелител“, своевремено наш кандидат за Оскар, Ѓорче Ставрески го сними својот втор филм „Дали си маж”, по негово сценарио. Филмот од 1 јануари 2024 ќе се прикажува на една од најголемите стриминг платформи „Ејч-Би-О Макс“, соопшти тој во утринското гостување на „Слободен печат“.
-„Исцелител“ ми е прв целовечерен дебитантски филм, се работеше долго време, започнат е 2015 а премиера имаше 2017. Земавме над 20 интернационални награди. Беше првиот филм на HBO македонски и беше кандидат за Оскар, си го изоди тој успешен пат. Ни даде видливост. Токму преку него се запознав со продуценткатат Ивана Шекутковска, и веднаш потоа дојдовме до идеја, всушност и ова беше нејзина идеја да направиме еден краток филм. Да работиме на краткиот филм „Дали си маж“, вели Ставрески.
„Дали си маж“ веќе сериозно почнува да се прикажува на светските филмски фестивали и добива позитивни критики.
-Филмот имаше среќа да го видат сериозни продажни агенти од Франција, Премиум филм од Париз и преку нив е договорена дистрибуцијата со „Ејч-Би-О Макс“. Тешко е да се дојде до таков престижен продажен агент и кога склучивме договр со нив, беше прашање на време кога ќе ги видиме плодовите на таа соработка. Тие не известија дека е склучен договорот. Имаме и фестивалски добар агент кој се бори за прикажување во Италија. Имавме прикажување и тука на Синедејс, Кине Нова, на Манаки и имаме одлични критики“, вели Ставрески.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија.
Ѓорче Ставрески доби поддршка од Агенцијата за филм и за неговиот нов долгометражен игран филм „Трампи“. Тој треба да се снима наредната 2024 година.
Овој филм е повторно автобиографски, вели режисерот Ставрески во утринското гостување на „Слободен печат“, и е во копродукциски со чешки и бугарски копродуцент.
-Филмот е за еден математичар кој бара смисла за неговото постоење. Егзистенцијален е филмот. Математичар кој е погоден со една болка. Филмот е една драма. Се обидува да најкде излез од тој негов лавиринт на болка. Мене ми емнгу итересно затоа што е предзвик е врзан за едно мое детство кое во иста мера беше многу забавно но во исто време и многу болно и мрачно и чепка таму каде ме боли. Се надевам дека следнава година ќе се реализира“, вели Ставрески.
За него рецепт за успех и добар филм ако добро се спои личното искуство и се прикаже во добра филмска приказна.
-Материјалот кој не го носиме во себе, личен багаж е добра појдовна точка за било која уметност. Си ги знаеме нашите болки, наште добри и лоши страни. Тешкотиите со кои сме се соочувале. Филмот како наративна уметност едоставно може многу лесно да ги искористи тие работи кои ние ги имаме особено ако човек знае како да констуира приказна и на тој начин да се направи нешто што е автнтично, искрено и продира до публиката. Токму затоа тежнеам да размислувам за работите кои мене мки се случиле а со тоа што има разлика во „Исцелител“ има многу помалку лична појдовна точка, отколку кај „ Дали си маж“ и „Трампи“, додава Ставрески.