На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници.
Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот Злата Мегленска. Се очекува да се обрати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и Ѓорѓиевски.
„Се отвора нова фаза за Скопје, дојдено е време да се преземе вистинска одговорност“, беше речено во воведниот дел на промоцијата.